Кошаркарската репрезентација на Македонија победи и на вториот натпревар на Беко Суперкупот кој се игра во Германија.
Со високи 81:67 нашите кошаркари ја совладаа Германија, која е домаќин на турнирот.
Најефикасен беше Ѓорѓи Чековски со 16 постигнати поени, Лестер Бо Мекејлеб реализира 14 поени, Тодор Гечевски забележи 12 поени, додека Дамјан Стојановски и Перо Антиќ имаа учинок од по 11 поени.
Капитенот Антиќ се пожали на болка во коленото во четвртата четвртина и не се врати во поле од тогаш. Се надеваме дека не станува збор за посериозна повреда.
Утре играме со противникот во групи во Словенија Босна и Херцеговина, каде ќе може да си ги измериме силите пред натпреварот во Јесенице.
Македонија е во групата Б заедно со Србија, Црна Гора, БиХ, Литванија и со Летонија, кои ќе играат во градот Јесенице.