Последните зборови на Стив Џобс: За што жалел човекот кој имаше огромно богатство?

Иконата на Ејпл, Стив Јобс, и покрај фантастичниот успех на професинално поле, во приватниот живот имал многу несогласувања и комплицирани приватни врски со своите партнерки и со своите деца. Тој кратко пред својата смрт напишал порака за се она што го чувствувал и му тежело на срце на крајот на патот. Дел од светските медиуми пренесоа дека ова биле и неговите последни зборови:

jobs-520x355

Јас го достигнав врвот на успехот на деловно поле. Во очите на другите, мојот живот е олицетворение на успехот. Меѓутоа, освен работата, јас имав многу малку радости. На крајот, богатството е само еден дел од животот на кој сум навикнат.

Во овој момент, додека лежам во болничкиот кревет и се потсетувам на целиот мој живот, сфаќам дека сите признанија и богатства кои ги примив со толку гордост, се избледени и безначајни пред лицето на претстојната смрт. Во темницата, додека гледам во зеленото светло на машината за одржување на живот и слушам зуење на механички звукови, го чувствувам здивот на Бога и смртта која ми се приближува.

Сега знам, дека кога ќе стекнеме доволно богатство за целиот наш живот, треба да бараме други нешта кои не се поврзани со богатство… Тоа треба да биде нешто многу поважно. Можеби меѓучовечки односи, можеби уметност, можеби сон од младоста…

Констатното трагање за богатство само ќе го претвори човекот во чудно суштество, како мене. Бог ни дал сетила да ја почувствуваме љубовта во сечие срце, а не илузија која ни носи богатство. Богатството кое го постигнав во животот не можам да го земам со себе. Тоа што можам да го земам се само спомените како резултат на љубовта.

Тоа е вистинското богатство кое ќе ве следи, кое ќе биде со вас, ќе ви дава сила и ќе го осветлува патот да одите напред. Љубовта може да патува илјадници километри. Животот нема ограничувања. Одете каде сакате. Достигнете ги висините кои сакате да ги достигнете. Се е во вашето срце и вашите раце.

Кој кревет е најскап на светот? – „Болничкиот кревет“. Можете да вработите некој да вози кола за вас, да заработува пари за вас, но не можете да платите некој да ја носи болеста за вас. Материјалните работи кои се губат можат да се пронајдат или да се купат. Но постои една работа што не може никогаш да се пронајде кога ќе се изгуби, а тоа е – „Живот“.

Кога човекот оди во операциона сала, тогаш сфаќа дека постои една книга која веќе треба да ја заврши со читање – „Книга на здравиот живот“. Во која и фаза од животот да се наоѓате, со време ќе дојде ден кога ќе морате да се соочите со тоа дека завесите се спуштаат.

Чувајте ја љубовта за своето семејство, љубовната врска, љубовта за своите пријатели… Третирајте се себеси добро. Чувајте ги другите.

Сандра Африка примамува воздишки со мини бикини

Пејачката Сандра Африка веќе извесно време престојува во Црна Гора, каде има закажано настапи во текот на летото, а многу често ги почестува своите обожаватели со жешки фотографии.

Сандра редовно ги известува своите следбеници за своите гостувања, како и за времето кое го поминува уживајќи во Јадранското Море, а овој пат машката фантазија ја разгоре со своето минијатурни бикини.

Под фотографијата имаше бројни позитивни коментари.

Не ги скратила ноктите на рацете 25 години и станала Гинисов рекорд

Дајана Армстронг од Минесота не ги скратила ноктите цели 25 години. Невообичаеното „хоби“ за одгледување нокти и нивно украсување ја сместило на почесните страници на Гинисовата книга на рекорди како шампионка со најдолги нокти.

Дајана официјално е жената со најголема должина на нокти во историјата. Според Гинис, нејзиниот најдолг нокт (на палецот) е еден метар и 38 см. Како што рекла, последен пат ги исекла ноктите во 1997 година, а престанала да ги обликува и крати по смртта на нејзината ќерка, која починала на 16 години во текот на ноќта поради тежок напад на астма.

Дајана раскажала дека таа и нејзината ќерка Латиша имале ритуал на средување на ноктите и дека нејзината ќерка секогаш правела маникир. По нејзината смрт, таа се зарекла дека никогаш повеќе нема да ги скрати.

„Секогаш кога ќе помислам дека треба да ги скратам, се ежам и ме обзема тага и очај кои ги почувствував оној ден кога почина. Не сакам да поминувам низ тоа, па ги оставив такви какви што се. На тој начин чувствувам дека ми е поблиску“, рекла Дајана за „Fox“.

Додава дека не ги пуштила за да влезе во Гинисовата книга на рекорди и дека не сака што луѓето ја осудуваат, бидејќи не знаат низ што поминала.

Со оглед на тоа дека должината на ноките во просек ѝ е повеќе од еден метар, секоја вообичаена дневна рутина ѝ е предизвик. Бидејќи не може со раце да земе одредени работи, почнала да ги користи стапалата. Поради ноктите престанала да вози автомобил.

Дајана дозволува внуките да ѝ ги средуваат ноктите додека им се фали дека е Гинисова рекордерка.

(Фото) Згодна одбојкарка ја жртвуваше кариерата за да се слика за „Плејбој“

Американската одбојкарка Кајла Симонс мораше да ја жртвува спортската кариера поради провокативните фотографии кои ги објавуваше на социјалните мрежи.

Симонс успешно се натпреваруваше за Универзитетот Маршал во НЦАА-лигата, но поради нејзините облини привлече големо внимание и доби епитет на најзгодна одбојкарка.

„Ме избркаа од тимот затоа што сум објавувала непристојни фотографии. Бараа да го избришам профилот од социјалните мрежи“, откри девојката.

Одбојкарката реши да не го избрише профилот и стана успешен фото-модел, па сега има околу 800.000 фанови на социјалните мрежи, а во јули се фотографираше и за Плејбој.

Видеото можете да го погледнете ОВДЕ

Популарно