Совети за одржување на вагиналната флора

Вагиналните инфекции се најчесто гинеколошко заболување кај жените и најчеста причина за посета на гинеколог. До инфекции и воспаленија доаѓа поради пореметување на вагиналната флора.

Vagina-After-Childbirth

Jа сочинуваат околу 90 микроорганизми, кои во нормални околности не предизвикуваат никакви тегоби.

Меѓу нив се особено важни лактобацилите, корисни бактерии на млечната киселина кои штитат од штетните микроорганизми. Во секретот се присутни и коки кои потекнуваат од цревната флора и не прават никаква пречка сѐ додека се во рамнотежа со лактобацилите. Но, кога таа рамнотежа ќе се наруши, настануваат проблеми. Нормалниот секрет е кисел и кисело-базната вредност се движи од 4,6 до 6, но со нарушување на рамнотежата на флората, средината од кисела се претвора во алкална, што е погодно за раzвој на штетните микроорганизми.

Што сѐ може да ја оштети вагиналната флора?

За да не дојде до пореметување на вагиналната флора, жените мора да водат сметка за облекувањето, редовно и правилно да одржуваат хигиена и да водат сметка за својот сексуален живот. Факторите за оштетување на вагиналната флора можат да се поделат во три групи:

Механички фактори, кои опфаќаат оштетување на ткивото до кое доаѓа при породување, груб гинеколошки преглед или сексуален однос. И носењето неадекватна облека може да предизвика оштетување. На пример, прекратки панталони предизвикуваат засилено триење на интимните делови, ја забавуваат циркулацијата на крвта и ја пореметуваат вагиналната флора.

Хигиенските фактори, како употреба на алкални сапуни, ги уништуваат добрите лактобацили. Овде спаѓа употреба на дневни, парфимирани влошки, нередовно менување на тампони и хигиенски влошки.

Хемиски фактори, како вагинални спрејови, гелови за контрацепција, како и некои козметички производи за одржување на хигиената, кои ја нарушуваат вагиналната флора. Затоа е појдобро да се користат медицински препарати за нега на интимните делови од телото кои имаат соодветна кисело-базна вредност. А најдобро е, сепак, да се избегнуваат хемиски средства колку е можно повеќе. Природата е неисцрпен извор на она што му е потребно на човечкото тело.

Плакнење со растителни чаеви

За одржување на здрава вагинална флора гинеколозите препорачуваат употреба на некои препарати што се наоѓаат во аптеките и миење со растителни чаеви.

Во секоја подобро снабдена аптека можат да се најдат шумливи таблети или гранули кои се користат за вагинално миење. За истата намена може да користите чаеви од камилица, жалфија, невен, кантариуон или ајдучка трева, како и раствор од вода и сода бикарбона. Чајот се подготвува на ист начин како и за пиење, а растворот со сода бикарбона од половина лажичка сода бикарбона и 250мл млака вода. Најдобро е миењето да се направи со помош на иригатор, кој ќе се стави во вагината во длабочина од 5-6см и кон внатрешноста ќе се истисне течноста. Но, миењето не треба да биде почесто од двапати месечно и никако за време на менструација.

Не стапувајте во ризични односи

За да се заштитите од инфекции, мора да имате здрав сексуален однос.

Здравата вагинална флора и добрата хигиена на мажот се подеднакво важни фактори за заштита. Посебно внимание се препорачува за жените, а особено за младите девојки кои стапуваат во незаштитени сексуални односи и често менуваат партнери. Во рок од шест часа по сексуалниот однос треба да се измие вагинaта или да се употреби вагиналета на база на јод или кантарион.

Чувствителни групи

Вагината е прекриена со слузокожа која дава добра заштита. Дебелината на ова ткиво зависи од рамнотежата на полните хормони, која варира во текот на менструалниот циклус и бременоста, а зависи и од староста на жената.

Кај младите девојки и старите жени слузокожата е потенка, има само неколку слоеви ќелии, а рамнотежата на флората може полесно да се промени.

Пробајте вагиналети од лековити растенија

Девојките и жените кои избегнуваат употреба на иригатори бидејќи тоа им изгледа прекомплицирано, за одржување на вагиналната флора им се препорачуваат вагиналети кои можат да се купат без лекарски рецепт. Тоа се вагиналети на база на кантарион, прополис, ајдучка трева или камилица. Тие се добри бидејќи можат да го соберат вишокот секрет што се лачи и не предизвикуваат никакви несакани ефекти. Гинеколозите препорачуваат и вагиналети кои содржат јод, но со нив треба да се биде внимателен и не смејат да се користат често.

За интимна нега може да послужи памучен тампон накиснат со ацидофилен јогурт или кантарионово масло, со што ќе се премачка вагината.

Секогаш прво консултирајте се со вашиот гинеколог за каков било проблем во врска со вашето интимно здравје. И покрај овие совети, гинекологот е тој што првично ќе го направи прегледот и потребните анализи за да се знаат точните причини за непријатноста што ја чувствувате.

Дури и кога не чувствувате никаква нелагодност, се препорачува гинеколошки преглед еднаш годишно. Тој преглед може да ве заштити од посериозни проблеми бидејќи со анализите што се прават, успешно се открива рак на грлото на матката во најрана фаза.

Lady.mk

Сандра Африка примамува воздишки со мини бикини

Пејачката Сандра Африка веќе извесно време престојува во Црна Гора, каде има закажано настапи во текот на летото, а многу често ги почестува своите обожаватели со жешки фотографии.

Сандра редовно ги известува своите следбеници за своите гостувања, како и за времето кое го поминува уживајќи во Јадранското Море, а овој пат машката фантазија ја разгоре со своето минијатурни бикини.

Под фотографијата имаше бројни позитивни коментари.

Не ги скратила ноктите на рацете 25 години и станала Гинисов рекорд

Дајана Армстронг од Минесота не ги скратила ноктите цели 25 години. Невообичаеното „хоби“ за одгледување нокти и нивно украсување ја сместило на почесните страници на Гинисовата книга на рекорди како шампионка со најдолги нокти.

Дајана официјално е жената со најголема должина на нокти во историјата. Според Гинис, нејзиниот најдолг нокт (на палецот) е еден метар и 38 см. Како што рекла, последен пат ги исекла ноктите во 1997 година, а престанала да ги обликува и крати по смртта на нејзината ќерка, која починала на 16 години во текот на ноќта поради тежок напад на астма.

Дајана раскажала дека таа и нејзината ќерка Латиша имале ритуал на средување на ноктите и дека нејзината ќерка секогаш правела маникир. По нејзината смрт, таа се зарекла дека никогаш повеќе нема да ги скрати.

„Секогаш кога ќе помислам дека треба да ги скратам, се ежам и ме обзема тага и очај кои ги почувствував оној ден кога почина. Не сакам да поминувам низ тоа, па ги оставив такви какви што се. На тој начин чувствувам дека ми е поблиску“, рекла Дајана за „Fox“.

Додава дека не ги пуштила за да влезе во Гинисовата книга на рекорди и дека не сака што луѓето ја осудуваат, бидејќи не знаат низ што поминала.

Со оглед на тоа дека должината на ноките во просек ѝ е повеќе од еден метар, секоја вообичаена дневна рутина ѝ е предизвик. Бидејќи не може со раце да земе одредени работи, почнала да ги користи стапалата. Поради ноктите престанала да вози автомобил.

Дајана дозволува внуките да ѝ ги средуваат ноктите додека им се фали дека е Гинисова рекордерка.

Едноставен трик за куќата да ви мириса преубаво

Во последно време, доколку ви требаат одредени трикови и стимулации, особено кога станува збор за уредување на вашиот дом, посетете ги социјалните мрежи.

Една жена сподели феноменален трик за освежување и мирис на собите, кој воодушеви голем број луѓе.

Потребна ви е рерна и два до три лимони. Пред да спиете, пресечете неколку лимони на половина, па ставете ги во исклучената, но загреана рерна и оставете ја вратата отворена.

Кога ќе станете наутро, затворете ја вратата од рерната и вклучете ја само неколку минути. Потоа исклучете ја рерната и отворете ја вратата. Овој трик ќе ви помогне домот да мириса прекрасно, а што е уште подобро – нема да видите ниту еден инсект во вашиот дом.

Популарно