Цврст и подигнат задник за еден месц со 10 минути вежбање дневно

Овие три вежби ќе го зацврстат и подигнат ваѓиот задник за 30 дена, вели фитнес експертот и автор на книгата “Напредни техники за зајакнување на задникот” Брет Контрерас.

Освен како вежба за задникот, тие служат и за зајакнување на мускулите на долниот дел од грбот и на нозете, што придонесува за подобро држење на телото и воопшто за целокупното здравје. Меѓу наједноставните и најефикасните вежби се сквотовите (чучњеви), расчекорување и мост со задникот.

Чучњеви за подигање на задникот

Застанете со раширени нозе по должината на колковите и исправете ги рацете пред вас, паралелно од земјата. Потоа спуштете се надоле скоро до земјата како во позиција да седнете, но пазете колениците да не ги носите напред односно да не ја поминуваат линијата од вашите прсти.

Градите и грбот треба да бидат исправени цело време а тежината да биде на петите.

Направете две групи по десет повторувања што е можно поспоро, и секој ден можете да го зголемувате бројот на повторувањата.

Расчекор за обликување

Застанете така што едната нога ќе ви биде истегната напред на цело стопало, а другата далеку зад себе и на прсти. Спуштајте го коленото надоле така што прстите ќе ви останат во воздух а поголемиот дел од тежината ќе ви биде на задната нога.

Како што се спуштате кон земјата и предното колено ќе се витка, но важи и правилото што се однесува како кај чучњевите коленото несмее да ја помине линијата на прстите.

Нежно спуштете се надолу така што задната нога речиси ќе ја допре земјата и држете се во оваа позиција неколку секунди. Потоа полека движете се нагоре и затегнете ги мускулите од задникот.

Направите десет повторувања со една нога и десет повторувања со другата нога, ни еден рачекор не смее да трае помалку од четири секунди

Мост со задникот за цврстина

Легнете на грб со свиткани колена, нозете во ширина на колковите, и со двете раце на телото. Петите потпрени цврсто на земјата, а потоа подигнете ги колковите и задникот високо во воздух, така што вашите гради и грбот ќе ви останат на земја

Во највисоката позиција затегнете го задникот и останете така пет секунди, а потоа спуштете се долу.

Направете серија од 15 повторувања, одморете се една минута, и потоа повторете ја вежбата.

(Фото) Лила покажа каков подарок ѝ испратил непознат обожавател

Македонската водителка Лила Филиповска има таен обожавател, кој ѝ испраќа романтични подароци. На својот Инстаграм профил таа се пофали од најновиот подарок кој го добила.

Имено, тој ѝ испратил букет рози, а нарачал на нив да пишува и романтична порака. Погледнете:

Видео: Таа живее само во 17 квадрати

Жителка од Мелбурн (Доли Рубиано)  после претстојот во  мала куќичка на тркала кој толку многу ѝ се допаднал  така што  таа одлучила да купи една и да се всели во неа.

Доли потрошила вкупно 65 илјади долари во простор од само 17 квадрати и го уредила домот од соништата кој ги воодушеви луѓето од целиот свет.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Cooking in the not-so-tiny kitchen ⠀⠀⠀⠀⠀⠀ If you watched the whole video you’d notice something is missing. The mess! I keep my kitchen counter tidy by cleaning up after prep and while cooking. I don’t like to wait until the end and have a pile of dishes to wash. 😂 ⠀⠀⠀⠀⠀⠀ How do you like my new blackout curtains? They help keep the tiny space warmer in winter and cooler in summer. I even made a plant pot cover from the extra fabric. Can you spot it? ⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀ #smallspacesquad #howyouhome #loveyourspace #smallhomedesign #simplestyleyourspace #thow #homeandliving #homelove #intentionaldecor #tinyhouseonwheels #simplify #tinyhome #tinyhouse #tinyhouseliving #smallspaces #tinyliving #tinymissdolly #beinspired #interiordesign #homedecor #designlife #tinyhouselife #makeityourown #smallspaceliving #homesweethome #homeinspiration #tinytinymoments #homeiswhereyourheartis #myhomevibe

A post shared by Tiny Miss Dolly On Wheels (@tinymissdollyonwheels) on

53-годишната Доли на својата куќа ѝ направила и Инстаграм профил со име “tinymissdollyonwheels“ кој моментално го следат речиси 94 илјади луѓе.

За уредувањето на оваа нејзина куќичка потребни ѝ биле 10-тина денови, во куќата има сè што ѝ е потребно за живот: целосно функционална кујна, две соби и плакар.

„На крајот на денот сè сè сведува на тоа како се чувствувам. Испробав неколку вакви куќи на тркала за да го добијам потребното чувство за тоа дали можам да живеам во толку мал простор, а да не полудам“ – изјавила Доли.

На горниот кат од куќата постои простор за спиење, а на долниот кат се сместени кујната и тоалетот.

18 години без нашата најсјајна ѕвезда

 Последниот концерт на Тоше Проески на Градскиот стадион во Скопје се одржа на 5 октомври, 2007 година.

Тоше на тој концерт едноставно „даде се “, неверојатна енергија, нетрпеливата публика во огромен број го очекува својот музички миленик.  Толку е едноставно – сите го сакаме Тоше и Тоше нè сака сите.

Човекот кој уживаше додека пееше за обожавателите. Човекот кој им помагаше на помалку среќните, најчесто без да се спомене неговото име.

18 години од мигот кога за последен пат го слушнавме неговиот глас. 18 години непребол. 18 години без ѕвезденото небо и нашата најсјајна ѕвезда.

Тоше им припаѓа на сите добри луѓе. Тој е за сите времиња. Тој е бесмртен. Живее онаму каде што сакаше отсекогаш да биде – во срцата на луѓето.

Популарно