Легализирањето на марихуана е една од најбрзо растечките индустрии во САД. Во вредност од 2.5 милијарди $ денес, се проценува дека таа ќе порасне да биде во вредност од 11 милијарди $ само во следните 3 години! Со таков брз раст на случувањата, Снуп Дог, познат како Снуп Лион, ака Снуп Доги Дог забележал можност да заработи.
Не е тајна дека рап иконата обожава марихуана. Па така ова имаше вистинска смисла за него да се одвои малку од музиката и да започне своја дизајнерска линија со ознака за марихуана, Leafs by Snoop. Но, со започнувањето на оваа линија на производи од канабис, Снуп препозна можност да направи нешто ново. Тој може да го промени начинот на кој луѓето гледаат на марихуаната.
Снуп го приложи неговиот концепт на легендарната дизајнерска фирма Pentagram и ја побара екпертизата на Emily Oberman за брендирање. Така, наместо создавање на бренд кој би бил во "rasta, crunchy, hempy, outlaw" стереотип, Oberman создаде идентитет кој потсеќа на сонцето и топлината на Калифорнија.
"САКАВМЕ ДА ИМ СЕ ДОПАДНЕ НА ПОШИРОК СПЕКТАР НА ЛУЃЕ".
"[Марихуана] е поле на кое Снуп е вистински познавач", вели Oberman: "и со Leafs, тој видел можност која не е лажна, да се создаде бизнис кој навистина доаѓа од него, кој е навистина тој и што тој сака."
Snoops пакувањата се карактеристични по иконските "California cool" слики, како што се листови од палма, птици кои летаат, риби кои пливаат сите изработени во пријателски пастелни бои и зацртани со златна боја. И не само што пакувањата изгледаат одлично, тие се исто така, високо функционални со вградени детски безбедни чашки и законски пополнети пакувања.
Сакате да знаете кој е најдобриот дел од овој одличен нов бренд? 'Прехранбените продукти' легално не е дозволено да се наречат "candies" па Oberman го одбра терминот "Dogg Treats". Интересно,нели?