ФОТО од Зоолошка: Ако немаш зебра, офарбај го магарето

Во зоолошката градина во Каиро е забележано магаре кое е обоено за да изгледа како зебра, но зоолошката негира дека го обоиле магарето за да наликува на зебра.

Оваа „креација“ ја откри студентот Махмуд Сархан, кој фотографираше магаре во Меѓународниот парк во Каиро и објави фотографии на „Фејсбук“. Дека станува збор за магаре, а не за зебра, може да се забележи по долгите уши и размачканата црна боја на главата на животното.

Фотографиите бргу се проширија преку нтернет, а експертите дадоа свое мислење за каков тип животно станува збор.Еден ветеринар кажа дека муцката на зебрата треба да биде црна, а линиите воедначени и паралелни.

Директорот на зоолошката градина, Мухамед Султан, негира дека животните биле обоени.Ако тврдењата се вистинити, нема да биде првпат во некоја зоолошка градина да се  бојат животни.

Зоолошката во Газа пред една деценија ги обоила магарињата во боја на зебра, а сопственикот се правдал со високите трошоци за шверц во појасот Газа поради израелската блокада на увозот на живи животни.Друга зоолошка во Газа во кафези чувала кадифени играчки поради недостиг на вистински животни.

Зоолошката во провинцијата Хенан, Кина, се обидела да го претстави долговлакнестото тибетско куче како лав во 2013 година, а во 2017 година зоолошката градина во провинцијата Гуангкси ги изневерила посетителите со пластични пингвини на надувување.Неколку недели подоцна, друга зоолошка градина во Гуангкси изложила пластични пеперутки.

ВИДЕО: Невеста наместо торта доби шлаканица среде свадба и пред гости

Среде свадбата , кога младенците ја сечеле невестинската торта , се случил неверојатен инцидент. Младоженецот и ставил парче торта на невестата во уста , а кога сакала и таа да го направи истото, нешто му рекла , што толку го разбеснило и силно ја удрил.

Не е познато кога и каде точно е снимено видеото , кое сега е на социјалните мрежи , каде предизвика бројни коментари. Најголемиот број , освен навреди кон младоженецот , се желби бракот да заврши истиот момент.

Погледнете зошто во Унгарија не се наздравува со пиво

Во Унгарија нема наздравување на кригли, пишува welovebudapest.com, додавајќи дека се верува дека таквиот обичај влече корени откако Австријците ја прославиле победата над Унгарците во 1848 година во Виена, гласно наздравувајќи пиво и чукајќи чаши.

Наводно, после тоа Унгарците рекле дека нема да наздрават со пиво уште 150 години, а иако поминале годините, Унгарците се уште пијат пиво во тишина.

Но, тие ќе наздрават со други алкохолни пијалоци, како вино или палинка, додека ги држат очите широко отворени за да се уверат дека имаат контакт со очите, бидејќи не е доволно само да се каже: Egészségedre!

„Најважното нешто што треба да запомните е дека ако некогаш ви понудат палинка, мора да ја испиете. Дури и ако е трета чаша или ако е домашна и не е многу добра, сепак мора да ја пиете. Ова важи и за домашното вино на домаќинот. За среќа, домашната палинка всушност може да биде одлична.

Палинка е унгарска ракија која има заштитена ознака од географско потекло, што значи дека може да се приготвува само во Унгарија. Добро е да знаете дека рестораните и баровите обично не се евтини, па понекогаш е корисно да го погледнете ценовникот пред да нарачате неколку чашки одеднаш.

Популарно