Научниците во паника: овие страшни работи може да му се случат на човештвото до 2050 година

Научниците предупредуваат на големи размери на климатски промени, сајбер тероризам, глад и развој на нови и тешки болести кои до 2050-тата година би можеле да прераснат во катастрофи од глобални размери. Business Insider објавил листа од 5 најлоши катастрофи кои би можеле да му се заканат на човештвото до 2050-тата година.

Untitled-1

Раселувањето кое би можело да се случи поради големите климатски промени е закана број еден. Поради температурите кои рапидно растат, дури 600 милиони ширум светот би можеле да станат бегалци.

smrt-covek-mesta-01

Втор проблем се поплавите, најмногу поради порастот на температурите и топењето на мразот ширум светот, поради што расте нивото на морето.

obrenovac-poplave-jpg_660x330

До 2050-тата година се предвидува дека во Азија ќе има 50 проценти помалку пченица и 17 проценти помалку ориз, а 20 милиони деца од Азија, Африка и Латинска Америка би можеле да гладуваат. Гладот е проблем број три кој би можел да не уништи, велат научниците.

Glad-1

Друга катастрофа која ги загрижува научниците се новите, односно мутирачки болести. Се' подолгите лета носат нови епидемии, најмногу поради комарците.

images

Тоа што исто така ги загрижува научниците е можноста од избивање на сајбер војни, а додека многумина веруваат дека тоа никогаш нема да се случи, нуклеарното оружје е една од најголемите опасности кои би можеле да бидат кобни за светот.

1293

Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест

Бројот на загинати во нападот на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург минатиот месец се искачи на шест, откако една жена почина од повредите, соопшти локалното обвинителство.

Обвинителите соопштија дека жената починала во болница, јави германската новинска агенција ДПА.

Во терористичкиот напад на 20 декември беа повредени повеќе од 200 луѓе.

Властите го идентификуваа осомничениот како саудиски лекар кој пристигнал во Германија во 2006 година и добил постојан престој. Тој бил уапсен веднаш откако го возел својот автомобил низ преполн пазар.

Властите рекоа дека тој не одговара на вообичаениот профил на екстремистички напаѓачи. Тој се опиша себеси како поранешен муслиман и беше многу критичен кон исламот, а на социјалните мрежи изрази поддршка за екстремната десница.

Зеленски: Прво договор со Трамп, потоа преговори со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека прво сака да се сретне со идниот американски колега Доналд Трамп за да договорат мировен план пред да започнат какви било преговори со рускиот лидер Владимир Путин.

– Прво со Трамп. Ќе се договориме со него како да ја завршиме војната, како да го запреме Путин, изјави Зеленски во тричасовно интервју со американскиот поткастер Лекс Фридман.

Тој нагласи дека е „многу важно Европа да има глас“ во овие дискусии.

Такви гаранции се потребни за да се спречи руска агресија.

“Украинскиот претседател истакна дека предложил замрзнати руски средства во вредност од 300 милијарди долари да бидат искористени за купување американско оружје, пренесува Укринформ.

Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан

Втората црна кутија е пронајдена на местото на несреќата во близина на градот Актау во западен Казахстан, според окружниот сообраќаен обвинител Мангистау Абилајбек Ордабаев.

„Во авионот се пронајдени две црни кутии. Тие ќе бидат предадени на одделот за истрага на воздушни несреќи, а потоа ќе бидат прегледани“, рече тој на прес-конференцијата, пренесува Казинформ.

Според него, од повредените се земени изјави и се идентификувани сите сведоци, а се испитува и видеото од радио врската меѓу диспечерот и екипажот.

Популарно