ВИДЕО: Ламборџини трактор

Ламборџини има најнов модел на тракор. За оние кои не знаеа - ДА! Ламборџини произведува и трактори.

Најновиот модел има најмодерен мотор LED осветлување и панорамски конвексни стакла.

Поседува четвороцилиндричен Deutz Tier мотор, петостепен менувач и третостепен редуктор, најсовремен систем за сопирачки и систем кој овозможува екстремни вртења на воланот и покрај димензиите на возилото.

Ѕирнете да видите како се ова изгледа!

ФОТО: И здосади хокејот, реши да прави милиони на „Онли Фанс“

Микејла Демајтер беше означена како „најсекси хокеарска голманка на светот“ - сè додека не даде отказ за да стане модел со полно работно време.

Демајтер, од Чатам во Онтарио, играше за Блувотер Хокс во провинциската женска хокеј лига.

22-годишната девојка морала да се држи покриена од глава до пети во заштитна облека кога е на мраз.

Но, нејзината страница на Инстаграм покажува сосема поинаква страна од неа - и токму таму таа објави дека ги закачува ракавиците.

Микејла доби околу 1,3 милиони фанови на својот профил на Инстаграм, а дел од нив ја следат и на „ОнлиФанс“ за што ѝ плаќаат по 17 долари месечно за претплата.

Повеќе фотки ТУКА

(Фото) Теа Таировиќ ја покажа тангата

Популарната српска пејачка, Теа Таировиќ летово работно го поминува во Црна Гора, но сепак наоѓа и време за одмор.

Имено на социјалните мрежи се појави видео како пејачката се разладува на една од плажите на црногорското приморје, па предизвика лавина на коментари.

Но, не поради изгледот кој е неспорен за зборување, туку поради тоа што имаше обезбедување во водата и на плажата.

Теа уживаше на големата плажа во Улцин, а не и сметаше тоа што цело време се сликаа со неа и ја снимаа од сите агли.

Овие два збора никогаш не смеете да му ги кажете на вашето дете

Секое дете од време на време се вознемирува, што е сосема нормално затоа што се уште учи да ги контролира своите емоции. Но, кога детето почнува да паничи или да покажува бес, многу родители користат вообичаена фраза од два збора што никогаш не треба да ја кажат кога детето е вознемирено.

Така барем мисли експертот за родителство Рејчел Ромер, мајка на две деца.

Како што објаснува за CNBC, апсолутно најлошото нешто што еден родител може да му го каже на своето дете е „смири се“. На децата треба да им се покаже смиреност, а оваа фраза може да ги направи вознемирени.

„Имам две мали четиригодишници и размислувам како, кога се загрижени, да им кажам дека треба да се смират е дефинитивно една од најлошите работи“, рече таа.

„Кога ќе му кажеме на детето дека треба да се смири, само му потврдуваме дека неговите емоции не се важни и дека треба да ги контролира, што дури и ненамерно може да делува како омаловажување“ – вели таа.

Покрај тоа, експертот објаснува како оваа вообичаена фраза на многу родители предизвикува повеќе штета отколку корист.

„Детето има впечаток дека не е забележано, дека на некој начин всушност треба да се срами од своите реакции и емоции, а тоа никогаш не е добро“, заклучила таа.

Популарно